Abdulkadir Karakaya
27 Февруари 2021•Ажурирај: 28 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ
Sвездата на екипата на Бруклин Нетс, која се натпреварува во американската Национална кошаркарска лига (НБА), нема да настапи на ревијалниот олстар-натпревар поради повреда, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави тимот на Бруклин Нетс се соопштува дека 32-годишниот кошаркар поради повредата на левата нога ќе се лекува уште некое време.
Дурант, кој е избран за капитен на екипата од Источната конференција на ревијалниот олстар-натпревар, нема да биде дел од оваа организација поради повредата на ногата.
Во 2019 година на Дурант му се скина Ахиловата тетива и тој 552 дена беше надвор од теренот, а се врати на паркетот во декември минатата година.
Дурант на 19-те натпревари на кои настапи оваа сезона постигна просек од 29 поени, 7,3 скока и 5,3 асистенции.