Oktaj Omeragik
26 Октомври 2019•Ажурирај: 28 Октомври 2019
СКОПЈЕ
Со синоќа одиграните 4 натпревари завршија средбите од 4. коло во ТХЈ Евролигата во кошарка, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа преостанатите 4 средби од 4. коло на најпрестижното кошаркарско клупско натпреварување во Европа, ТХЈ Евролига.
Единствената победа на гостински терен ја извојува екипата на ЦСКА Москва против Алба Берлин. ЦСКА со победата од 66 : 82 заедно со Барселона се единствените непоразени екипи сезонава и се наоѓаат на врвот од ТХЈ Евролигата.
Во вчера одиграните натпревари победи извојуваа Жалгирис над Асвел, Милано над Ферербахче и Басконија над Олимпијакос.
Резултати од 4. коло во ТХЈ Евролигата:
Алба Берлин - ЦСКА 66 : 82
Жалгирис - Асвел 70 : 56
Милано - Фенербахче 87 : 74
Басконија - Олимпијакос 82 : 66
(завчера)
Зенит - Панатинаикос 79 : 89
Анадолу Ефес - Реал Мадрид 76 : 60
Макаби Тел Авив - Валенсија 76 : 63
Баерн Минхен - Кимки 74 : 87
Црвена звезда - Барселона 65 : 73.
Во врвот на тебелата се наоѓаат екипите на ЦСКА и Барселона. И двете екипи се со 100 % успех од 4 победи на 4 натпревари. Цска е на првата позиција поради подобриот скор во постигнати и примени поени.
По победата над Реал Мадрид, Анадолу Ефес се искачи на 3. позиција со 3 победи и 1 пораз, а по него следуваат Кимки, Милано, Баерн Минхен, Басконија, Панатинаикос, Жалгирис, Макаби Тел Авив.
Тимот на Валенсија се наоѓа на дното од табелата со 4 порази.
На 29 и 30 октомври сеиграат средбите од 5. коло на ТХЈ Евролигата.