Övünç Kutlu,Muhammed Enes Çallı
03 Јуни 2022•Ажурирај: 06 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Кошаркарската суперѕвезда Леброн Џејмс официјално стана милијардер, објави американскиот бизнис-магазин „Форбс“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Нето-вредноста на 37-годишниот играч на НБА, кој имаше вкупна заработка од 121,2 милиони долари минатата година, достигна 1 милијарда.
Џејмс има повеќе од 1,2 милијарди заработка пред оданочување, според пресметките на „Форбс“.
Четирикратниот НБА-шампион беше платен со над 385 милиони долари додека играше за Кливленд Кавалирс, Мајами Хит и Лос Анџелес Лејкерс, со што беше најплатен активен играч во Лигата.
Двократниот олимписки златен медалист се проценува дека има акумулирано повеќе од 900 милиони долари приход од деловни потфати како што е „Најк“, AT&T, „Пепси“ и „Волмарт“.
Осумнаесеткратниот НБА-шампион стана првиот активен НБА-играч во историјата кој се најде на листата на милијардери.
„Единствениот друг кошаркар кој се наоѓа на листата е легендарниот Мајкл Џордан, но неговата нето-вредност не достигна 1 милијарда долари до 2014 година, повеќе од една деценија откако се пензионира“, вели „Форбс“.
Нето-вредноста на шесткратниот НБА-шампион Џордан изнесуваше 1,7 милијарди долари заклучно со четвртокот, според Листата на милијардери на „Форбс“ во реално време.
Џејмс, роден во Акрон, Охајо, во семејство со самохрана мајка, се селел десетина пати во текот на три години за време на неговото детство.
Станал највисоко рангиран кошаркарски играч во средно училиште пред да го потпише својот прв договор со „Најк“ во 2003 година на 18-годишна возраст за 90 милиони долари.
Потпишал доживотен договор со „Најк“ во 2015 година, а продажбата на линијата на неговите патики се проценува дека е над 400 милиони долари.
Тој игра за Лејкерси од 2018 година, но се соочи со критики од фановите во текот на минатата сезона откако Лејкерси го пропуштија плејофот.