Bakir Tiro
27 Февруари 2017•Ажурирај: 27 Февруари 2017
МАДРИД (АА) - Кристијано Роналдо постави уште еден рекорд во шпанското првенство, со синоќешната победа на Реал Мадрид кој гостуваше кај Вилјареал, каде што го победи домаќинот со резултат од 3:2.
Со пеналот во 57. минута од синоќешниот меч меѓу Реал Мадрид и Вилјареал (3:2), Кристијано Роналдо со 57 гола стана најефикасниот изведувач на пенали во историјата на шпанската Ла лига, јавува Anadolu Agency (AA).
До вчера, Португалецот беше најдобар стрелец со мексиканецот Хуго Санчез, поранешен напаѓач на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид и Рајо Валекано.
Третиот најдобар изведувач на пенали на сите времиња во Ла лига е Роналд Куман, поранешен играч на Барселона, со 46 постигнати гола.
Четвртото место го делат Меси (Барселона) и Пенев, поранешниот играч на Валенсија, Атлетико Мадрид и Селта, кои по 43 пати ја затресоа мрежата од белата точка.