Yunus Kaymaz
30 Мај 2019•Ажурирај: 31 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - ЈУНУС КАЈМАЗ - Англиските тимови Ливерпул и Тотенхем в сабота ќе играат во финалето на Лигата на шампиони до кое двата тима стигнаа претрпувајќи по четири порази, пишува Anadolu Agency (AA).
Финалето на Лигата на шампионите ќе се игра в сабота на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, а правдата на теренот ќе ја дели словенечкиот арбитер Дамир Скомина.
Ливерпул до финалето стигна остварувајќи седум победи, претрпе четири порази, а еден меч одигра без победник. На 12 натпревари Ливерпул даде 22, а прими 12 гола.
Тимот од „Енфилд“ играше во групата Ц со Црвена Ѕвезда, Наполи и ПСЖ, и во продолжението на натпреварите се пласираше на второто место со три победи и три порази. Избраниците на Јирген Клоп ги совладаа сите тројца противници на „Енфилд“, но претрпеа порази на гостински терен во Белград, Неапол и Париз.
Ливерпул во четвртфиналето и полуфиналето заигра многу посигурно и без пораз ги елиминираше Баерн Минхен и Порто, за во полуфиналето да ги одмери силите со Барселона. Во првиот меч на „Камп Ноу“ Барселона славеше голема победа со високи 3:0, но во реваншот на „Енфилд Роуд“ Ливерпул со маестрална игра дојде до победа од 4:0 и го елиминираше главниот фаворит во Лигата на шампиони.
Тоа ќе биде второ финале во Лигата на шампионите за Ливерпул, а на спротивната страна ќе има уште еден англиски тим - Тотенхем, за кој тоа е прво финале.
Избраниците на Маурициус Покетино на 12 натпревари дадоа 20, а примија 10 гола.
Тимот од Лондон играше во групата Б со Барселона, Интер и ПСВ Ајндховен, а во осминафиналето се пласираше од второто место со скор од две победи, две ремија и два пораза.
Со убедливата победа над екипата на Борусија од Дортмунд Тотенхем успешно помина и во осминафиналето, за во четвртфиналето, во возбудливиот двомеч да го елиминира англискиот првак Манчестер Сити. И во полуфиналето Тотенхем одработи тешка задача против Ајакс, уште едно пријатно изненадување во сезоната.
Ливерпул и Тотенхем важат за тимови кои играат напаѓачки фудбал, па во финалето се очекува возбудлив меч.
Нападот на Ливерпул го предводат Мухамед Салах, Роберто Фирмино и Садио Мане, а сите постигнаа по четири гола оваа сезона. Нападот на Тотенхем го предводат Хари Кејн, Лукар и Сон Хјунг Мин. Кејн и Лукас постигнаа по пет, а Сон четири гола.