Emre Aşıkçı,Oktaj Omeragikj
30 Ноември 2023•Ажурирај: 30 Ноември 2023
ИСТАНБУЛ (АА)
Синоќа се одиграа натпреварите од петтото коло на групната фаза на УЕФА Лигата на шампиони во групите А, Б, Ц и Д. Особено внимание привлекоа дуелите Галатасарај - Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид - Наполи, известува Анадолу.
Фудбалерите на Галатасарај во Истанбул го пречекаа Манчестер Јунајтед во рамките на групната фаза во групата А. Натпреварот заврши без победник 3:3, по што англискиот претставник е во незавидна ситуација во групата.
Во истата група Баерн Минхен на домашен терен одигра нерешено против Копенхаген 0:0.
Табеларен приказ на групата А:
| Екипа | натпревари | бодови |
| 1. Баерн Минхен | 5 | 13 |
| 2. Копенхаген | 5 | 5 |
| 3. Галатасарај | 5 | 5 |
| 4. Манчестер Јунајтед | 5 | 4 |
Во групата Б, холандскиот ПСВ на гостински терен ја совлада Севиља со резултат 2:3, додека Арсенал како домаќин го декласираше францускиот клуб Ленс со 6:0.
Табеларен приказ на групата Б:
| Екипа | натпревари | бодови |
| 1. Арсенал | 5 | 12 |
| 2. ПСВ | 5 | 8 |
| 3. Ленс | 5 | 5 |
| 4. Севиља | 5 | 2 |
Во групата Ц, Реал Мадрид го совлада Наполи со резултат 4:2. Во вториот дуел од оваа група Брага на домашен терен одигра нерешено 1:1 против Унион Берлин.
Табеларен приказ на групата Ц:
| Екипа | натпревари | бодови |
| 1. Реал Мадрид | 5 | 15 |
| 2. Наполи | 5 | 7 |
| 3. Брага | 5 | 4 |
| 4. Унион Берлин | 5 | 2 |
Во рамките на натпреварите во групата Д, португалскиот претставник Бенфика ремизираше против Интер 3:3. Во вториот натпревар од групата Реал Сосиедад и Салцбург ги поделија бодовите играјќи нерешено 0:0.
Табеларен приказ на групата Д:
| Екипа | натпревари | бодови |
| 1. Реал Сосиедад | 5 | 11 |
| 2. Интер | 5 | 11 |
| 3. Салцбург | 5 | 4 |
| 4. Бенфика | 5 | 1 |
Во вторникот се одиграа натпреварите од петто коло во групната фаза и во групите Е, Ф, Г и Х. На овие средби беа постигнати следните резултати:
Лацио - Селтик 2:0
Шахтјор - Доњецк - Антверпен 1:0
Милан - Дортмунд 1:3
Фејенорд - Атлетико Мадрид 1:3
ПСЖ - Њукасл 1:1
Барселона - Порто 2:1
Јанг Бојс - Црвена Sвезда 2:0
Манчестер Сити: Лајпциг 3:2
Табеларен приказ на групата Е:
| Екипа | натпревари | бодови |
| 1. Атлетико Мадрид | 5 | 11 |
| 2. Лацио | 5 | 10 |
| 3. Фејенорд | 5 | 6 |
| 4. Селтик | 5 | 1 |
Табеларен приказ на групата Ф:
| Екипа | натпревари | бодови |
| 1. Дортмунд | 5 | 10 |
| 2. ПСЖ | 5 | 7 |
| 3. Њукасл | 5 | 5 |
| 4. Милан | 5 | 5 |
Табеларен приказ на групата Г:
| Екипа | натпревари | бодови |
| 1. Манчестер Сити | 5 | 15 |
| 2. Лајпциг | 5 | 9 |
| 3. Јанг Бојс | 5 | 4 |
| 4. Црвена Sвезда | 5 | 1 |
Табеларен приказ на групата Х:
| Екипа | натпревари | бодови |
| 1. Барселона | 5 | 12 |
| 2. Порто | 5 | 9 |
| 3. Шахтјор Доњецк | 5 | 9 |
| 4. Антверпен | 5 | 0 |
Натпреварите од последното коло во групната фаза на УЕФА Лигата на шампиони во групите А, Б, Ц и Д ќе се одиграат на 12 декември (вторник), додека средбите во групите Е, Ф, Г и Х ќе се одиграат на 13 декември (среда).