Hüseyin Burak Demirer
28 Октомври 2020•Ажурирај: 29 Октомври 2020
АНКАРА
Одиграни се првите 8 натпревари од 2. коло во УЕФА Лигата на шампиони во групите А, Б, Ц и Д, пишува Агенција Анадолија (АА).
Борусија Дортмунд во групата Б на домашен терен го пречека Реал Мадрид. По водството на Борусија од 2:0, Реал во последните минути од средбата успеа да го изедначи резултатот и да го избегне вториот пораз. Головите за Борусија ги постигна Турам во 33. и 58. минута од средбата, додека Бензема го намали водството на 2:1 во 87. минута, а Касемиро во 90+3 минута од судиското продолжение ги постави конечните 2:2.
Во групата Ц, Олимпик Марсеј на домашен терен загуби од Манчестер Сити со 0:3. Во групата Д, Ливерпул на домашен терен со 2:0 го совлада Мидтјиланд, остварувајќи 2 победи во 2 натпревари.
Денес на програмата се 8 средби од групите А, Б,Ц и Д. Дерби на колото е натпреварот меѓу Јувентус и Барселона. Ова требаше да биде прво дерби меѓу Роналдо и Меси откако Португалецот го напушти Реал, но бидејќи и последниот тест на Роналдо е позитивен, тој нема да може да настапи за Јувентус.
Резултати од првите натпревари од 2. коло:
Група А
Локомотив Москва - Баерн Минхен 1:2
Атлетико Мадрид - Салцбург 3:2
Група Б
Шахтјор Донецк - Интер 0:0
Борусија Менхенгладбах - Реал Мадрид 2:2
Група Ц
Порто - Олимпијакос 2:0
Олимпик Марсеј - Манчестер Сити 0:3
Група Д
Аталанта - Ајакс 2:2
Ливерпул - Мидтјиланд 2:0.
Денес на програмата се следните средби од групите Е, Ф, Г и Х:
18:55 Краснодар - Челзи
18:55 Истанбул Башакшехир - ПСЖ
21:00 Ференцварош - Динамо Киев
21:00 Јувентус - Барселона
21:00 Клуб Бриж - Лацио
21:00 Манчестер Јунајтед - Лајпциг
21:00 Дортмунд - Зенит
21:00 Севиља - Рен.