Admir Fazlagic
09 Март 2018•Ажурирај: 11 Март 2018
СКОПЈЕ (АА) - Фајнл-фор турнирот на Европската лига во одбојка ќе се игра во Скопје, соопштија од Одбојкарската Федерација на Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Завршниот турнир на Сребрената европска лига ќе се одржи на 15 и 16 мај оваа година.
Македонија оваа сезона во Европската лига игра во групата А заедно со Косово, Летонија и Австрија. Домаќинот има загарантиран пласман на фајнл-фор турнирот.
Репрезентацијата на Македонија во одбојка во претходните години редовно стигнуваше до финалето, но ниту еднаш не успеаја да победат во финалните натпревари.