Zehra Ulucak
21 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
КАТМАНДУ (АА) - Македонскиот планинар Ѓорѓи Петков од Гевгелија, починал додека се обидувал да се искачи на највисокиот врв во светот, Монт Еверест, кој се наоѓа во Непал, пренесува Anadolu Agency (AA).
Гианенра Шрестха, вработен во главниот камп во Монт Еверест, врз основа на извештајот од планинарски водачи, соопшти дека 63-годишниот македонски планинар Петков вчера починал од срцев удар.
Тој истакна дека денес починал јапонскиот планинар Нобуказу Курики, но сè уште не е позната причината за неговата смрт.
Планинарот Ѓорѓи Петков (63) беше алпинист, инаку доктор специјалист инфектолог, кој бил член на планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија.
Ѓорги Петков на овој потфат се решил да замине на 24. март, а според планот искачувањето до Монт Еверест требаше да биде до крајот на месец мај.
Од 1920 година досега над 200 лица починаа на Монт Еверест, кој е со надморска височина од 8.848 метри.