Mehmet Akif Parlak
05 Јануари 2022•Ажурирај: 06 Јануари 2022
ГАЗИАНТЕП
Македонскиот фудбалер Лука Станковски премина во турскиот фудбалски клуб Газиантеп, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на клубот, 20-годишниот Станковски го носел дресот на македонскиот фудбалски клуб Работнички.
На церемонија одржана по овој повод, Станковски потпиша 4,5-годишен договор со турскиот клуб, плус опција за потпис на уште една дополнителна година.
Претседателот на клубот, Џевдет Акинал, нагласи дека извесно време одблизу го следеле Станковски, чија иднина, според него е светла.
„Среќни сме што во нашиот клуб вклучивме ваков млад талент. Верувам дека реализиравме многу важен трансфер“, рече Акинал.