Hüseyin Burak Demirer
06 Јуни 2018•Ажурирај: 07 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Англискиот премиер лигаш, Манчестер Јунајтед, во своите редови го донесе Португалецот, 19-годишниот Диого Далот, кој претходно ги бранеше боите на Порто, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на клуб се вели дека е постигнат договор со Порто за трансфер на десниот бек Далот во редовите на Манчестер Јунајтед.
Далот, кој е репрезентативец на Португалија на возраст до 21 година, потпиша 5+1-годишен договор со англискиот премиерлигаш.
Британските медиуми тврдат дека за трансферот на Далот во редовие на Манчестер јунајтед, Порто ќе добие 19 милиони британски фунти.