Yusuf Özcan
25 Декември 2020•Ажурирај: 27 Декември 2020
ПАРИЗ
По тврдењата дека екипата на Париз Сен Жермен (ПСЖ), еден од тимовите на Француската прва фудбалска лига (Лига 1), го разреши тренерот Томас Тухел, проштална порака до тренерот Тухел објави Килијан Мбапе, фудбалската ѕвезда на ПСЖ, известува Агенција Анадолија (АА).
Мбапе на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографија со Тухел, велејќи: „За жал, ова е законот на фудбалот, но никој нема да го заборави Вашето доаѓање тука. Напишавте убава страница во историјата на клубот. Ви благодарам“, рече тој.
Францускиот печат тврди дека ПСЖ го отпуштил Тухел. Засега нема официјално соопштение од клубот.
Тухел, кој го презеде ПСЖ во 2018 година, со овој клуб имаше договор до јуни 2021 година.
Во моментов ПСЖ со 35 бода се наоѓа на 3-то место во француската Лига 1.
Под раководство на Тухел, ПСЖ ја освои шампионската титула во Лига 1 минатата сезона и се пласира во финалето во Лигата на шампионите на УЕФА.