Merve Berker
15 Јуни 2026•Ажурирано: 15 Јуни 2026
Фудбалската репрезентација на Иран денес соопшти дека нејзиниот медиумски персонал не може да патува со репрезентацијата бидејќи не успеале да добијат американски визи за Светското првенство на ФИФА 2026, пренесува Анадолу.
Преку соопштение, Службата за односи со јавноста на репрезентацијата истакна дека овој развој на настаните им оневозможил на двајцата претставници да патуваат со националниот тим, што би можело да ги наруши комуникацијата за време на турнирот.
„Со оглед на тоа што двајцата претставници на медиумскиот тим на Иран сè уште немаат добиено американска виза, во моментов сме спречени да патуваме со тимот“, се наведува во соопштението.
Медиумскиот персонал предупреди дека проблемот со визите би можел да доведе до застој во информирањето на јавноста и споделувањето на најновите вести поврзани со репрезентацијата за време на првенството.
„Секако, ова може да резултира со одредени доцнења во објавувањето на новостите и пласирањето на информациите во јавноста“, се дополнува во соопштението.
Од Службата за односи со јавноста упатија извинување за пречките и им се заблагодарија на новинарите и колегите за нивното трпение и разбирање.
„Однапред искрено се извинуваме за оваа непредвидена ситуација и ви благодариме за разбирањето и трпението“, се наведува во соопштението.