Мек МекКланг се запиша во историја на НБА победувајќи по третпат во натпреварот во забивање на Ол-стар натпреварот
- Играчот на Орландо Меџик, Мек МекКланг, победи на натпреварот во забивање на НБА Ол-стар 2025.

ИСТАНБУЛ (АА) - Натпреварите во кошаркарски вештини, 3 поени и забивање се одржаа вториот ден од Ол-стар викендот што се одржува во Центарот Чејс во Сан Франциско, САД, известува Анадолу.
Мек МекКланг (Осцеола Меџик), Матас Бузелис (Чикаго Булс), Стефон Касл (Сан Антонио Спарс) и Андре Џексон Јуниор (Милвоки Бакс) се натпреваруваа во многу очекуваниот натпревар во забивање.
МекКланг, кој се пласираше во финалето заедно со Касл, доби совршени 50 поени за сите негови забивања. МекКланг победи на натпреварот со фантастични забивања, вклучително и забивање со скок над центарот на Кливленд Кавалирс, Еван Мобли при што прво со топката го допре обрачот а потоа ја заби топката. Најспектакуларно забивање на вечерта беше забивањето на МекКланг со скок над автомобил.
МекКланг влезе во историјата на НБА како првиот кошаркар кој три пати по ред победил на натпреварувањето во забивање.
- Хиро победи во натпреварот за 3 поени
Во финалето на натпреварот за три поени, се соочија шампионот од 2020 година, Бади Хилд (Голден Стејт Вориорс), Тајлер Хиро (Мајами Хит) и Дариус Гарланд (Кливленд Кавалирс).
Во финалето на ова натпреварување, каде што Демијан Лилард (Милвоки Бакс), победникот во последните две години, беше елиминиран уште во првиот круг, Хиро собирајќи 24 поени ги остави противниците зад себе и ја освои својата прва шампионска титула. Интересно е што Бади Хилд во првиот круг постигна 31 поен, но тој перформанс не успеа да го повтори и во финалето.
Тимот на Кавалирс, составен од Донован Мичел и Еван Мобли, победи во натпреварот на кошаркарски вештини. Крис Пол и Виктор Вембањама (Спарс) беа дисквалификувани од натпреварувањето затоа што наместо да шутираат, ја фрлаа топката за да купат време.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.