Hüseyin Burak Demirer
20 Август 2023•Ажурирај: 20 Август 2023
ЊУЈОРК (АА) - Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси го доведе Интер Мајами до титулата шампион во американско-мексиканскиот Лига Куп, јавува Анадолу.
Во финалниот меч се сретнаа Интер Мајами и Нешвил.
Регуларниот дел од натпреварот заврши со резултат 1:1 со головите на Меси во 23. минута и на Фафе Пико во 57. минута.
Сепак на крајот Интер Мајами славеше со подобро изведување пенали и така стигна до првата титула во историјата.
Меси постигна десет гола на седум натпревари за Интер Мајами.
Овој Лига куп е прв трофеј за Меси во дресот на Интер Мајами, а во досегашната кариера има освоено дури 44 трофеи, со што го собори рекордот на Дани Алвеш и стана најтрофејниот фудбалер во историјата.
Меси освои 35 титули со Барселона, пет со Аргентина, три со ПСЖ и една со Интер Мајами.