Mutlu Demirtaştan
15 Септември 2020•Ажурирај: 16 Септември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Лионел Меси, фудбалерот на шпанскиот тим Барселона, го зазеде првото место на списокот фудбалери што заработиле најмногу во текот на оваа година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На списокот подготвен од списанието „Форбс“, имајќи ги предвид платата, приходите од спонзорите и бонусите, аргентинската фудбалска ѕвезда на Барселона, Меси, со 126 милиони долари има најголема заработувачка.
По Меси, следува португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, кој игра за италијанскиот тим Јувентус. Роналдо оваа година заработи 117 милиони долари.
Бразилецот Нејмар, кој настапува за францускиот тим Париз Сен Жермен (PSG), се најде на третото место со заработувачка од 96 милиони долари.
Листата од 10 играчи со најголема заработувачка оваа година е следна:
| Фудбалер | Клуб | Заработувачка (долари) |
1. | Лионел Меси | Барселона | 126 милиони |
2. | Кристијано Роналдо | Јувентус | 117 милиони |
3. | Нејмар | Париз Сен Жермен | 96 милиони |
4. | Килијан Мбапе | Париз Сен Жермен | 42 милиони |
5. | Мухамед Салах | Ливерпул | 37 милиони |
6. | Пол Погба | Манчестер Јунајтед | 34 милиони |
7. | Антоан Гризман | Барселона | 33 милиони |
8. | Гарет Бејл | Реал Мадрид | 29 милиони |
9. | Роберт Левандовски | Бајерн Минхен | 28 милиони |
10. | Давид де Хеа | Манчестер Јунајтед | 27 милиони |