Hüseyin Burak Demirer
20 Ноември 2020•Ажурирај: 23 Ноември 2020
АНКАРА
Германскиот фудбалер со турско потекло, Месут Озил, кој го носи дресот на англискиот Премиер лигаш, Арсенал, упати апел за спречување на антиисламизмот со добрина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Озил ова го истакна преку објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
Тој рече дека исламофобијата и антиисламизмот забележуваат раст во светот, особено во Европа, додека според него, во ова голема улога играат медиумите.
„Треба да дадеме одговор против исламофобијата на начин што нема да го зајакнуваме. Со добрина треба да го смириме и замолчиме“, нагласи фудбалерот.
Озил во својата објава сподели и дел од сурата (поглавје) Фусилет во светата книга Куранот: „ Доброто и злото не се исто! На злото со добро возврати, па душманот твој одеднаш близок пријател ќе ти стане."