Murat Keleş
22 Септември 2016•Ажурирај: 23 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Монголски тренери во борење беа суспендирани на три години за учество во меѓународни натпревари, бидејќи протестирале голи откако била одбиена нивната жалба на судење за време на Олимписките игри во Рио оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Светската боречка федерација (UWW) соопшти дека двајца монголски борачки тренери Церенбаатар Цогбајар и Бјанбаринчен Бајараа нема да учествуваат на меѓународните натпревари до 2019 година, и дека монголските тренери се казнети со парична казна од 51 илјада долари.
Како причина за суспендирањето се наведува дека двајцата тренери се соблекле голи во знак на протест откако била одбиена нивната жалба на судење за бронзен медал за мажи во слободен стил до 65 килограми.
Монголските тренери поради нивниот „протест“ биле казнети со 51 илјада долари.
Монголскиот борач Ганзоригин Мандахнаран се бореше за бронзениот медал со противникот од Узбекистан, Икхтијор Наврузов. Неколку секунди пред крајот на мечот, двајцата монголски тренери поднесоа жалба којашто беше отфрлена.
Не можејќи да го исконтролираат својот гнев, монголските тренери во знак на протест ја соблекоа облеката. Монголија ги заврши Олимписките игри на 67. Место, со еден сребрен и еден бронзен медал.