Dejan Maksimoviç
26 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
МАНЧЕСТЕР (АА) - Хозе Мурињо, менаџерот на Манчестер Јунајтед, врз основа на своето искуство кое го имал со Челзи, верува дека неговиот сегашен клуб може да дојде до шампионската титула во Англија. По 12 одиграни кола во Премиер лигата, Јунајтед го зазема шестото место со 9 поени помалку од лидерот Челзи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во недела на Олд Трафорд ќе гостува Вест Хем Јунајтед и јасно е дека „црвените ѓаволи“ мораат да победат, доколку сакаат да ги задржат шансите за борбата за титулата во Премиер лигата. Интересно е дека во потсетувањето на сезоната 2014/2015 кога Мурињо ја освои титулата со Челзи, повторно упати провокација, наменета на менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.
„Кога пред 18 години ја освоив последната титула, пардон, пред 18 месеци, имав предност од 10 поени, а потоа за само месец цена имавме ист број на поени со Манчестер Сити. Ја изгубивме предноста од 10 поени кон крајот на декември и почетокот на јануари. За среќа, подоцна се вративме во игра и ја освоивме титулата“, рече Мурињо за британските медиуми и продолжи:
„Можете да ги надоместите поените, а другите тимови да ги загубат. Во текот на сезоната постојат моменти кога сѐ оди против вас, но и такви во кои сѐ оди во ваша корист. Знаеме дека не е сѐ совршено, но реално е дека многу заостануваме на табелата и во лигата има многу квалитетни тимови. Премиер лигата е многу тешко натпреварување, но ќе играме натпревар по натпревар, па ќе видиме што ќе се случи. Во недела имаме нова средба и ќе видиме дали можеме да ги освоиме трите поени.“
Средбата од 13. коло на Премиер лигата меѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Вест Хем Јунајтед ќе се одигра во недела на стадионот Олд Трафорд со почеток во 17:30 часот. Само три дена подоцна овие два тима ќе се сретнат на истиот стадион во 21 часот, но овојпат во рамките на четвртфиналето на Лига купот на Англија.