Hüseyin Burak Demirer
13 Февруари 2019•Ажурирај: 13 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Во американската национална кошаркарска лига НБА, тимот на Бостон Селтикс како гостин ја совлада екипата на Филаделфија Севентисиксерс со резултат 109:112, пишува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 5 средби во НБА. Натпревар одиграа Бостон Селтикс и Филаделфија Севентисиксерс, две екипи фаворити во Источната конференција. Селтикс како гости успеаја да ги совладаат Севентисиксерси со резултат 109:112.
Селтикс, иако ослабени поради неиграњето на плејмејкерот Кари Ирвинг, кој ќе настапи на Ол-стар натпреварот закажан викендов, имаше тројца играчи кои против Севентисиксерс постигнаа 20 и повеќе поени. Гордон Хејвард постигна 26 поени, Ал Хорфорд 23 поени, 8 скока, 5 асистенции, 4 украдени топки, а Џејсон Тејтум имаше дабл-дабл од 20 поени и 10 скока.
Во тимот на Севентисиксерс најпрецизни беа Џоел Ембид со дабл-дабл од 23 поени, 14 скока и Џими Батлер со 22 поени и 9 скока, но не успеаја да го спречат поразот на домашен терен.
- Резултати
Атланта Хоукс - Лос Анџелес Лејкерс 117 : 113
Филаделфија Севентисиксерс - Бостон Селтикс 109 : 112
Мемфис Гризлис - Сан Антонио Спарс 107 : 108
Њу Орлеанс Пеликанс - Орландо Меџик 88 : 118
Голден Стејт Вориорс - Јута Џез 115 : 108