Muhammed Enes Çallı
09 Февруари 2022•Ажурирај: 10 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Национална кошаркарска асоцијација (НБА) денеска ги објави 15-те најдобри тренери како дел од одбележувањето на својата 75-годишна сезона, јавува Агенција Анадолија (АА).
Листата е составена од гласовите на 43 сегашни и поранешни главни тренери на НБА заедно со Националната асоцијација на кошаркарски тренери и извршниот директор Дејвид Фогел.
На листата 15 најдобри тренери во НБА се наоѓаат:
Ред Ауербах, К. Ц. Џонс, Пет Рајли, Лери Браун, Стив Кер,* Док Риверс,* Чак Дејли, Дон Нелсон, Џери Слоун, Ред Холцман, Грег Попович, *Ерик Споелстра, *Фил Џексон, Џек Ремзи, Лени Вилкенс.
*Активни тренери на НБА