Hüseyin Burak Demirer
04 Февруари 2020•Ажурирај: 06 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Екипата на Кливленд Кавалирс во натпреварот од американската Национална кошаркарска лига (НБА) загуби од Њујорк Никс со 134:139, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 10 натпревари во НБА. Кавалирс на домашен терен ја пречека екипата на Никс. Гостите во продолжението на натпреварот успеаја да дојдат до победа од 134:139.
Голем придонес во победата на Никс даде Елфрид Пејтон со постигнат трипл-дабл учинок од 17 поени, 15 асистенции и 11 скока. Макрус Морис постигна 26 поени, 2 скока и 1 асистенција, а Џулиус Рендл 20 поени, 8 скока и 3 асистенции.
Во редовите на Кавалирс најпрецизен беше Кевин Лав со дабл-дабл учинок од 33 поени, 13 скока и 6 асистенции. Колин Секстон постигна 29 поени, 7 асистенции, а охриѓанецот Џеди Осман имаше 15 поени, 4 скока и 2 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.
- Мајами Хит подобар од Филаделфија Севентисиксерс -
Синоќа се одигра дуел меѓу две екипи од Источната конференција, кои се во горниот дел од табелата. Мајами Хит со 31 поен разлика ја совлада Филаделфија Севентисиксерс со 137 : 106.
Џими Батлер беше најефикасниот кошаркар на Мајами Хит, постигнувајќи 38 поени, 7 скока, 3 украдени топки и 2 асистенции.
Севентисиксерси го доживеаја својот 3. последователен пораз. Најдобар перформанс во редовите на Филаделфија прикажаа Џоел Ембид со дабл-дабл учинок од 29 поени, 12 скока и 2 асистенции, Бен Симонс со 16 поени, 8 скока и 7 асистенции, а турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз постигна 6 поени, 2 скока и 2 асистенции.
- Резултати -
Индијана Пејсерс - Далас Маверикс 103 : 112
Шарлот Хорнетс - Орландо Меџик 100 : 112
Вашингтон Визардс - Голден Стејт Вориорс 117 : 125
Кливленд Кавалирс - Њујорк Никс 134 : 139 (во продолжение)
Атланта Хоукс - Бостон Селтикс 115 : 123
Бруклин Нетс - Феникс Санс 119 : 97
Мајами Хит - Филаделфија Севентисиксерс 137 : 106
Мемфис Гризлис - Детроит Пистонс 96 : 82
Сакраменто Кингс - Минесота Тимберволвс 113 : 109
Лос Анџелес Клиперс - Сан Антонио Клиперс 108 : 105.