Hüseyin Burak Demirer
14 Декември 2020•Ажурирај: 16 Декември 2020
АНКАРА
Кевин Дурант, кој во својата кошаркарска кариера 4 пати беше прогласуван за надобар стрелец, еднаш за МВП на нормалната сезона и два пати МВП во финалната серија, по 552 дена се врати на теренот, известува Агенција Анадолија (АА).
Дурант (32) по заминувањето од екипата на Голден Стејт Вориорс, со која двапати ја освои шампионската титула на НБА, за првпат го облече дресот на Бруклин Нетс. На натпреварот против Вашингтон Визардс, Дурант за 24 минути минати на теренот постигна 15 поени, 3 скока и 3 асистенции.
Дурант во јуни 2019 година во дресот на Вориорс се повреди на 5. натпревар од финалната серија против Торонто Репторс, при што му се скина Ахиловата тетива.