Hüseyin Burak Demirer
07 Август 2020•Ажурирај: 10 Август 2020
АНКАРА
Екипата на Милвоки Бакс со резултат 130:116 го совлада Мајами Хит и ја загарантира првата позиција во Источната конференција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа шест натпревари од американската Национална кошаркарска лига НБА. Милвоки Бакс која во еден момент од натпреварот против Мајами Хит имаше негатива од 23 поени, на крајот успеа да извојува победа од 130:116, осигурувајќи го првото место во Источната конференција.
Најголема заслуга за победата на Бакс дадоа Јанис Антетокунпо со дабл-дабл учинок од 33 поени, 12 скока, 4 асистенции и Крис Мидлтон со 33 поени, 8 асистенции и 6 скока.
Во редовите на Мајами најпрецизен беше Тајлер Хиро со 20 поени, 5 асистенции, 4 скока и Данкан Робинсон со 21 поен, 1 скок и 1 асистенција.
- Рокетси ги совладаа Лејкерси кои играа без Леброн
Тимот на Хјустон Рокетс со резултат 113:97 го совлада Лос Анџелес Лејкерс. Во редовите на Лејкерс не настапи Ол стар ѕвездата Леброн Џејмс поради повредата во десната ципа.
Рокетси играа со тројца резервни играчи и без Расел Вестбрук, но сепак дојде до посакуваната победа благодарение на ол-стар ѕвездата Џејмс Харден кој прикажа одлична партија постигнувајќи дабл-дабл од 39 поени, 12 асистенции и 8 скока. Бен Маклемор постигна 20 поени, 4 скока и 1 асистенција.
Во редовите на Лејкерс најпрецизен беше Кајл Кузма со 21 поен, 5 скока, 3 асистенции, додека Ентони Дејвис постигна дабл-дабл од 17 поени, 12 скока и 3 асистенции.
Резултати
| Сакраменто Кингс | - Њу Орлеанс Пеликанс | 140:125 |
| Феникс Санс | - Индијана Пејсерс | 114:99 |
| Милвоки Бакс | - Мајами Хит | 130:116 |
| Далас Маверикс | - Лос Анџелес Клиперс | 111:126 |
| Денвер Нагетс | - Портланд Треил Блејзерс | 115:125 |
| Хјустон Рокетс | - Лос Анџелес Лејкерс | 113:97 |