Mutlu Demirtaştan
12 Февруари 2020•Ажурирај: 13 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ
Екипата на Хјустон Рокетс, членка на американската Национална кошаркарска лига (НБА), благодарение на 42-та поена на Џејмс Харден, на домашен терен го совлада Бостон Селтикс со 116:105, јавува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 5 натпревари во НБА. Харден, ол-стар ѕвездата на Рокетс, со постигнати 42 поени, 8 скока и 7 асистенции, одигра главна улога во победата над Селтикс.
Во редовите на Рокетс кој сезонава на 54 средби извојува 34 победи, покрај Харден, одлична игра прикажаа и Расел Вестбрук со дабл-дабл од 36 поени,10 скока, 5 асистенции, Дануел Хаус Џуниор со 17 поени, 9 скока, 1 асистенција.
Бостон Селтикс, третопласираниот во Источната конференција, го претрпе првиот пораз по 7 натпревари. Најпрецизни во редовите на Селтикс беа Гордон Хауард со 20 поени, 8 скока, 6 асистенции и Џејлен Браун со 19 поени, 3 скока, 1 асистенција, но тоа не беше доволно за да се избегне 16. пораз сезонава.
Филаделфија Севентисиксерс во која игра турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз, на домашен терен ја совлада екипата на Лос Анџелес Клиперс со 110:103. Најзаслужни за победата на Севентисиксерс беа Бен Симонс со трипл-дабл од 26 поени, 12 скока, 10 асистенции, Џоел Ембид со 26 поени, 9 скока, 2 асистенции и Џош Ричардсон со 21 поен, 5 скока и 1 асистенција.
Во редовите на Клиперси најмногу се истакнаа Кавај Леонард со 30 поени, 9 асистенции, 4 скока, Лендри Шамет со 19 поени, 1 скок и Маркус Морис со 13 поени, 5 скока и 1 асистенција, но тоа не беше доволно за да се извојува победа.
Вечерва во НБА се закажани 11 натпревари.
- Резултати
Филаделфија Севентисиксерс - Лос Анџелес Клиперс 110:103
Вашингтон Визардс - Чикаго Булс 126:114
Њу Орлеанс Пеликанс - Портланд Треил Блејзерс 138:117
Оклахома Сити Тандерс - Сан Антонио Спарс 106:114
Хјустон Рокетс - Бостон Селтикс 116:105