Mutlu Demirtaştan
25 Април 2019•Ажурирај: 25 Април 2019
ИСТАНБУЛ
Во плејоф-натпреварите на американската Национална кошаркарска лига НБА, Хјустон Рокетс го совлада Јута Џез со 100:93 и со скор од 4:1 во меѓусебните дуели се пласираше во полуфиналето на Западната конференција, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа два натпревари од плејофот. Рокетси на домашен терен го пречекаа тимот на Јута Џез и со победата од 100:93, стигнаа до скор од 4:1 во меѓусебните дуели, остварувајќи пласман во полуфиналето на Западната конференција.
Најпрецизен во редовите на Хјустон беше Џејмс Харден со 26 поени, 6 скока, 6 асистенции, 4 блокади, 3 украдени топки, додека Клинт Капела оствари дабл-дабл учинок од 16 поени, 10 скока, 2 асистенции, а Крис Пол натпреварот го заврши со 15 поени, 8 скока, 5 асистенции и 3 украдени топки.
Во гостинскиот тим најпрецизен беше Ројс Онил со 18 поени, 5 скока, 2 асистенции, Рики Рубио со дабл-дабл учинок од 17 поени, 11 асистенции, 2 скока и Џеј Краудер со дабл-дабл учинок од 15 поени и 10 скока.
- Клиперси не се откажаа
Екипата на Лос Анџелес Клиперс на гостински терен извојува победа над актуелниот НБА-шампион, тимот на Голден Стејт Вориорс, со резултат од 121:129. По оваа победа Клиперси го намалија водството на Вориорс на 3:2 во серијата до 4 победи.
Одлична игра во редовите на Клиперси прикажаа Лоу Вилијамс со дабл-дабл од 33 поени, 10 асистенции, 4 скока, Данило Галинари со 26 поени, 7 скока, 2 асистенции, Монтрезл Харел со 24 поени, 5 скока, 2 асистенции и Петрик Беверли со 17 поени, 14 скока и 4 асистенции.
Во редовите на Вориорс, Кевин Дурант го урна својот рекорд во натпреварите од плејофот, постигнувајќи 45 поени, 6 скока, 6 асистенции, но не успеа да го спречи поразот на Хјустон. Стефен Кари постигна 24 поени, 4 асистенции, 3 скока, додека Клеј Томсон натпреварот го заврши со 22 поени, 3 скока и 2 асистенции.
Шестиот натпревар меѓу овие две екипи ќе се игра на теренот на Клиперс. Победникот во серијата од 4 победи за противник во полуфиналето на Западната конференција ќе го има тимот на Хјустон.
Вечер на програмата е 6. натпревар од четвртфиналето на плејофот во Западната конференција меѓу тимовите на Сан Антонио Спарс и Денвер Нагетс. Натпреварот се игра на теренот на Сан Антонио, а Денвер води со 3:2 во меѓусебните дуели.