Abdulkadir Karakaya
26 Март 2021•Ажурирај: 27 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Тимот на Филаделфија Севентисиксерс како гостин го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 101:109, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 5 средби во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Филаделфија Севентисиксерс, лидерот во Источната конференција, успеа да го совлада Лејкерс и ја постигна својата четврта последователна победа.
Најпрецизни кај Севентисиксерс беа Дени Грин со 28 поени, 5 скока, Сет Кари со 19 поени, 2 асистенции, Тобајас Херис со 17 поени, 6 скока, 5 асистенции, додека турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз постигна 6 поени.
Лејкерси го доживеаја својот четврт последователен пораз, а најпрецизни кај домаќините беа Кајм Кузма со 25 поени, 9 скока, Денис Шредер со дабл-дабл од 20 поени, 11 асистенции, 3 скока, Монтрезл Харел со 20 поени, 8 скока и Кентевиус Колдвел-Поуп со 19 поени, 4 скока, 3 асистенции, но тоа беше недоволно за да се избегне поразот од Филаделфија.
- Деарон Фокс со личен рекорд против Вориорс -
Деарон Фокс на натпреварот во кој Сакраменто Кингс го совладаа Голден Стејт Вориорс со 141:119, постигна 44 поени и го урна сопствениот рекорд на постигнати поени на еден натпревар.
Во редовите на Кингс кој ја постигна својата 20. победа сезонава, покрај Деарон Фокс кој натпреварот го заврши со 44 поени, 7 асистенции, 2 скока, добра игра прикажаа и Ришон Холмс со дабл-дабл од 25 поени, 11 скока и Тајрис Халибертон со 21 поен, 1 асистенција.
Во редовите на Вориорс најпрецизни беа Ендру Вигинс кој постигна дабл-дабл од 26 поени, 10 скока, 4 асистенции, Кели Обри постигна 19 поени, 2 асистенции и Нико Манјон, 19 поени, 3 асистенции, 1 скок.
- Резултати од синоќа одиграните средби:
Мајами Хит - Портланд Треил Блејзерс 122:125
Њујорк Никс - Вашингтон Визардс 106:102
Сан Антониот Спарс - Лос Анџелес Клиперс 85:98
Сакраменто Кингс - Голден Стејт Вориорс 141:119
Лос Анџелес Лејкерс - Филаделфија Севентисиксерс 101:109