Hüseyin Burak Demirer
15 Јануари 2019•Ажурирај: 16 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Синоќа во американската Национална кошаркарска лига (НБА) се одиграа 6 натпревари. Хјустон Рокетс на домашен терен ја пречека екипата на Мемфис Гризлис. Во овој натпревар, ѕвездата на Рокетси, Џејмс Харден, постигна 57 поени и 9 скока и имаше најголем удел во победата над Гризлис од 112:94, јавува Anadolu Agency (AA).
Харден по 3. пат постигна повеќе од 50 поени на еден натпревар, а 17. пат едноподруго успеа да постигне повеќе од 30 поени на еден натпревар. Со ова, Харден на листата на кошаркари кои имаат најдолги серии со постигнати повеќе од 30 поени по натпревар го мина Коби Брајан, кому во сезоната 2002-2003 тоа му успеа 16 пати и се наоѓа веднаш зад Вилт Чемберлен и Елгин Бејлор.
Сопственик на рекордот е Чемберлен, со серија од 65 натпревари, а по него следува Бејлор со 18 натпревари.
Резултати
Бруклин Нетс - Бостон Селтикс 109:102
Хјустон Рокетс - Мемфис Гризлис 112:94
Сан Антонио Спарс - Шарлот Хорнетс 93:108
Јута Џез - Детроид Пистонс 100:94
Сакраменто Кингс - Портланд Трејлблејзерс 115:107
Лос Анџелес Клиперс - Њу Орлеанс Пеликанс 117:121