Mutlu Demirtaştan
04 Септември 2020•Ажурирај: 04 Септември 2020
ИСТАНБУЛ
Сезоната 2020/2021 во УЕФА Лигата на нации започна со 10 натпревари, известува Агенција Анадолија (АА).
Во организација на УЕФА во првото коло на Лигата на нации се одиграа 10 натпревари во групите А, Б, Ц и Д.
Во групата Б репрезентацијата на Турција на домашен терен беше поразена од Унгарија со 0:1. Во втората средба од групата, репрезентацијата на Русија со 3:1 ја совлада Србија.
Во Групата А Германија на домашен терен ја пречека Шпанија. Натпреварот заврши нерешено 1:1. Домаќините поведоа во 51. минута од средбата со погодокот на Тимо Вернер, додека Шпанците изедначија на 1:1 во судиското продолжение, во 90.+6. минута преку Хозе Гаја.
Резултати од синоќешните натпревари во УЕФА Лигата на нации:
Лига А
4 група: Украина - Шведска 2:1
Германија - Шпанија 1:1
Лига Б
Група 3: Турција - Унгарија 0:1
Русија - Србија 3:1
Група 4: Бугарија - Република Ирска 1:1
Финска - Велс 0:1
Лига Ц
Група 3: Молдавија - Косово 1:1
Словенија - Грција 0:0
Лига Д
Група 1: Летонија - Андора 0:0
Фарски Острови - Малта 3:2