Ercan Çakar
28 Март 2016•Ажурирај: 29 Март 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Со одлуката на Турскиот фудбалски сојуз (ТФФ) одложен е натпреварот од 26 коло од Спор Тото Супер лигата помеѓу вечните ривали Галатасарај и Фенербахче ќе се одигра на 13 април, јавува Anadolu Agency (AA).
Функционерите на Турската фудбалска федерација и челниците на Галатасарај и Фенербахче денес одржаа состанок на кој е донесена одлуката на 13 април да се игра мечот од Супер лигата помеѓу истанбулските великани кои е непосредно пред почетокот на средбата 20 март е одложен поради безбедносни причини
Претседателот на ТФФ Јилдирим Демиронен по состанокот рече дека клубовите го прифатиле предлогот на Сојузот мечот да се одигра на 13 април, иако претставниците на Фенербахче предлагале мечот да се игра на 6 и 7 април, а претставниците на Галатасарај предложиле термин на 28 април.
Генералниот секретар и портпарол на Фенербахче Махмут Услу истакна дека дербито е важен настан за Истанбул и целата Турција и дека одложување поради безбедносни причини дополнително даде на важност, натпреварот да биде одигран во мирен и спортски дух.