Doga Kirmizioglu
06 Февруари 2019•Ажурирај: 07 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Познати се кошаркарите што ќе настапат на 68. Ол-стар викенд на американската Национална кошаркарска лига во забивање, талент и тројки, што ќе се одржи од 15 до 17 февруари во градот Шарлот, во американската сојузна држава Северна Каролина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците што ги објави организаторот на официјалната интернет-страница, во категоријата забивање ќе се натпреваруваат: Мајл Бриџис (Шарлот Хорнетс), Џон Колинс (Атланта Хоукс), Хамиду Диало (Оклахома Сити Тандер), Денис Смит Џуниор (Њујорк Никс).
Во натпреварувањето во тројки ќе учествуваат Девин Букер (Феникс Санс), Сет Кари (Портланд Треил Блејзерс), Стефен Кари (Голден Стејт Вориорс), Дени Грин (Торонто Репторс), Џо Харис (Бруклин Нетс), Бади Хилд (Сакраменто Кингс), Дејмијан Лилард (Портланд Треил Блејзерс), Крис Мидлтон (Милвоки Бакс), Дирк Новицки (Далас Маверикс) и Кемба Вокер (Шарлот Хорнетс).
Во конкуренцијата за талент ќе учествуваат Мајк Конли (Мемфис Гризлис), Лука Дончиќ (Далас Маверикс), Деарон Фокс (Сакраменто Кингс), Никола Јокиќ (Денвер Нагетс), Кајл Кузма (Лос Анџелес Лејкерс), Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс), Никола Вучевиќ (Орландо Маџик) и Тре Јанг (Атланта Хоукс).
НБА Ол-стар викендот ќе се одржи во американскиот град Шарлот, во салата „Спектрум центар“ од 15 до 17 февруари.