Şenhan Bolelli
10 Октомври 2016•Ажурирај: 11 Октомври 2016
МАДРИД (АА) - Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике (29) најави напуштање на шпанската репрезентација по Светското првенство 2018 година, кое ќе се одржи во Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Пике, кој немал завиден однос со навивачите, по синоќешниот натпревар против Албанија одлучи да ја напушти репрезентацијата.
По натпреварот, тој за новинарите изјави дека му било доста од полемики врзани за репрезентацијата и дека по Светското првенство во Русија, веќе нема да го облекува дресот на репрезентацијата.
„Иако целиот се предавам на репрезентацијата, во последните години не бев добро прифатен. Поединци мислат дека е подобро да ме нема во репрезентацијата. Новиот проект на Јулен ме воодушевува. Поради тоа, ќе продолжам до Светското првенство. Заедно почнавме и заедно ќе завршиме“, порача Пике.
Пике синоќа на теренот излезе во расечен дрес, а некои шпански медиуми наведоа дека тоа го направил за да не ги покаже боите на шпанското знаме. Фотографиите од натпреварот против Албанија покажуваат расечен долен дел од ракавите, на кои се наоѓаат боите на шпанското знаме.