Mutlu Demirtaştan
04 Февруари 2022•Ажурирај: 04 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ
Објавени се имињата на резервните играчи кои ќе настапат на Ол-стар натпреварот во американската Национална кошаркарска лига (НБА), известува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението објавено на веб-страницата на НБА, со гласовите добиени од главните тренери, одредени се 14-те резервни играчи кои на 21 февруари ќе настапат на Ол-стар натпреварот кој ќе се одигра во американскиот град Кливленд.
На клупата на тимот кој ќе ја претставува Источната конференција ќе седат Џими Батлер (Мајами Хит), Дариус Гарланд (Кливленд Кавалирс), Џејмс Харден (Бруклин Нетс), Зак ЛаВин (Чикаго Булс), Крис Мидлтон (Милвоки Бакс), Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс) и Фред Ванвлит (Торонто Репторс).
На клупата на Западната конференција ќе се најдат Крис Пол, Девин Букер (Феникс Санс), Лука Дончиќ (Далас Маверикс), Руди Гоберт, Донован Мичел (Јута Џез), Дрејмонд Грин (Голден Стејт Вориорс) и Карл-Ентони Таунс (Минесота Тимбервулвс).
Капитените и првите петорки на НБА Ол-стар натпреварот за 2022 година беа одредени со гласовите на навивачите, кошаркарите и претставниците на печатот.
Играчите Леброн Џејмс (Лос Анџелес Лејкерс) и Кевин Дурант (Бруклин Нетс), освојувајки најголем број гласови, беа избрани за капитени на тимовите.
Во Источната конференција, покрај капитанот Дурант, првата петорка ја сочинуваат Јанис Антетокумпо (Милвоки Бакс), Џоел Ембид (Филаделфија Севентисиксерс), Демар Дерозан (Чикаго Булс) и Тре Јанг (Атланта Хокс), додека петорката на западот ја сочинуваат Никола Јокиќ (Денвер Нагетс), Стефен Кари, Ендрју Вигинс (Голден Стејт Вориорс), Џа Морант (Мемфис Гризлис) и капитенот Леброн.
Капитените Леброн Џејмс и Кевин Дурент на драфтот што ќе се одржи во живо на 11 февруари ќе ги одредат играчите на тимовите.