Ekipa
18 Септември 2017•Ажурирај: 18 Септември 2017
СТОКПОРТ (AA) - Поранешниот англиски репрезентативец и напаѓач на Евертон, Вејн Руни е казнет со одземање на возачката дозвола на период од две години, откако се изјасни за виновен за возење во алкохолизирана состојба, пренесува Anadolu Agency (AA).
Поради возење во алкохолизирана состојба, Руни е казнет и со 100 часа општествено корисна работа.
Полицијата на почетокот од месецот го запре 31-годишниот фудбалер во Манчестер и го уапси, но пуштен е на слобода откако беше платена кауција. Тој беше запрен додека возел автомобил што припаѓал на друго лице.
Поранешниот капитен на Англија денес се појави на суд во Стокпорт, 11 километри југоисточно од Манчестер, но одби да даде изјава за медиумите.
Најдобриот стрелец во историјата на фудбалската репрезентација на Англија кон крајот на минатиот месец објави дека ја завршува репрезентативната кариера.
Тој беше и најдобар стрелец на Манчестер Јунајтед, а по 13 години се одлучи да го напушти „Олд Трафорд“ и да се врати во Евертон, клуб во којшто ја започна кариерата.