Övünç Kutlu
27 Јуни 2017•Ажурирај: 28 Јуни 2017
ЊУЈОРК (АА) - Кошаркарот на Оклахома Сити, Расел Вестбрук, е прогласен за најкорисен играч (МВП) во изминатата сезона во американската кошаркарска лига НБА, јавува Anadolu Agency (AA).
За разлика од претходните години, кога традиционално, во текот на мајското финално доигрување беа прогласувани најдобрите играчи на минатата сезона во НБА лигата, оваа година наградите на играчите им беа доделени дури по завршувањето на сезоната.
Очекувано, за најкорисен играч е прогласен Вестбрук, кој во сезоната забележа рекорден трипл-дабл, а наградата во емотивната изјава им ја посвети на своите родители и на братот.
Вестбрук зад себе ги остави ривалите Џејмс Харден од Хјустон Рокетс, Кауај Ленард од Сан Антонио Спарс, Леброн Џејмс од Кливленд кавалирс и Исала Томас од Борстон Селтикс.
Титулата за најдобар дебитант (rookeie) ја освои Малком Брогдон од Милвоки Бакс, за најдобар дефанзивец е прогласен Драјмонд Грин од шампионската екипа на Голден Стејт вориорс.
За најдобар шести играч, односно најдобра резерва во лигата е прогласен Ерик Гордон од Хјустон Рокетс, а играчот кој покажа најголем напредок во играта беше Јанис Адетокумбо од Милвоки.
Мајк Д'Антони е прогласен за најдобар тренер на лигата бидејќи со тимот на Хјустон Рокетс стигна 55 победи во сезоната.
Наградата за животно дело беше врачена на легендата на Бостон, Бил Расел, кој како играч 11 пати го освои шампионскиот прстен во НБА лигата и стана првиот афроамерикански тренер во лигата.
Од играчите од регионот, меѓу наградените за изминатата сезона се најде хрватскиот репрезентативец Дарио Шариќ од Филаделфија Севентисиксерс. Тој се најде во најдобрата петорка на нови играчи во НБА лигата.