Ali Korkmaz
02 Април 2018•Ажурирај: 03 Април 2018
ИЗМИР (АА) - На 3 и 4 април ќе се одиграат реванш-средбите од кошаркарските натпревари за пласман во Фајнл фор на ФИБА Лигата на шампиони, јавува Anadolu Agency (AA).
Возбудувањата за пласман во Фајнл фор на ФИБА Лигата на шампиони започнуваат со утрешниот натпревар меѓу екипите на Монако (Франција) и Банвит (Турција) со почеток во 20:30 часот. Во борбата за место меѓу најдобрите 4 тима ќе учестуваат и Пинар Каршијака (Турција), Стразбур (Франција), Бајројт и Лудвигсбург (Германија), АЕК (Грција) и Мурсија (Шпанија).
- Резултати од првите средби меѓу чевртфиналистите на ФИБА Лигата на шампиони:
Пинар Каршијака - Мурсија 65:79
Лудвигсбург - Бајројт 81:86
Банвит - Монако 77:85
АЕК - Стразбур 78:69
- Реванш-средби:
Утре (вторник):
20:30 Монако - Банвит
4 април (среда)
20:00 Бајројт - Лудвигсбург
20:30 Мурсија - Пинар Каршијака
20:30 Стразбур - АЕК