Oktaj Omeragik
25 Октомври 2019•Ажурирај: 26 Октомври 2019
СКОПЈЕ (АА) - Синоќа се одиграа 24 натпревари од 3. коло од групната фаза на УЕФА Лига Европа, пишува Anadolu Agency (AA).
Вчера во Лига Европа, второто по важност фудбалско клупско напреварување во Европа, се одигра 3. коло од групната фаза. На програмата беа 24 натпревари кои беа поделени во два термини. Со почеток во 18:55 часот се одиграа 13 натпревари, а во терминот од 21:00 часот на програмата беа преостанатите 11 дуели.
Највисока победа од 6:0 синоќа извојува Аз Алкмаар на домашен терен над Астана. На 9 средби победија домаќините, на 8 средби се радуваа гостите, а 7 натпревари завршија со нерешен резултат.
Арсенал како домаќин ја пречека Виторија Гимараиш. Гостите на двапати имаа водство, но Арсенал успеваше да се врати во игра, за на крај со погодок во судиското продолжение во 90+2 минута, да извојува победа од 3:2.
Лацио како гостин поведе против Селтик со 0:1 и со тој резултат заврши првото полувреме. Домаќините во второто полувреме беа поефикасни и на крајот извојуваа победа од 2:1.
Турскиот претставник Бешикташ на домашен терен ја пречека екипата на Брага. Брага со погодок во 38. минута поведе со 0:1 и на полувреме замина со предност. Бешикташ успеа да изедначи на 1:1 во 71. минута, но веќе во 80. минута Брага ги постави конечните 1:2 и со победа си замина од Истанбул.
Четвртото коло од групната фаза на УЕФА Лига Европа ќе се игра на 6 и 7 ноември.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Бешикташ - Брага 1 : 2
Рома - Борусија М. 1 : 1
ЦСКА Москва - Ференцварош 0 : 1
Партизан - Манчестер јунајтед 0 : 1
Карабах - Апоел 2 : 2
Лудогорец - Еспањол 0 : 1
Слован Братислава - Вулверхемптон 1 : 2
Порто - Ренџерс 1 : 1
Сент-Етјен - Олександрија 1 : 1
Гент - Волфсбург 2 : 2
Истанбул Башакшехир - Волфсбергер 1 : 0
Јанг бојс - Фејенорд 2 : 0
Аз Алкмаар - Астана 6 : 0
Селтик - Лацио 2 : 1
Севиља - Дуделанж 3 : 0
Арсенал - Виторија Гимараиш 3 : 2
Ајнтрахт Франкфурт - Стандард Лиеж 2 : 1
Рен - Клуж 0 : 1
Спортинг - Розенборг 1 : 0
Гетафе - Базел 0 : 1
Динамо Киев - Копенхаген 1 : 1
Малме - Лугано 2 : 1
ПСВ Ајнховен - Ласк 0 : 0
Трабзонспор - Краснодар 0 : 2.