Dejan Maksimoviç
25 Мај 2018•Ажурирај: 26 Мај 2018
ПАРИЗ (АА) - Вториот Гренд слем турнир, Ролан Гарос, ќе се одржи од 27 мај до 10 јуни во Париз. Иако до почетокот има уште два дена, уште сега сè е подготвено за најдобрите светски тенисери и тенисерки, пренесува Anadolu Agency (AA).
Овогодишниот Ролан Гарос ќе се игра со рекорден награден фонд од 39.197.000 евра. На победниците во сингл во машка и женска конкуренција ќе им припаднат 2,2 милиони евра.
Титулата победник ќе ја брани Рафаел Надал кај тенисерите и Јелена Остапенко кај тенисерките.
Регионот оваа година ќе има три носители во машка конкуренција, и тоа: Марин Чилиќ (Хрватска, третиот носител), Новак Ѓоковиќ (Србија, 20.) и Дамир Џумхур (Босна и Херцеговина, 26.). Кај тенисерките меѓу 32 носителки нема ниту една претставничка од регионот.
Првиот Ролан Гарос, тогаш под називот Француско првенство, се одржа во далечната 1891 година, во машка конкуренција. Првиот турнир во женска конкуренција се одржа во 1897 година. Најмногу титули на победник има Надал, дури десет, додека кај тенисерките најуспешна е Крис Еверт со седум пехари.