Yunus Kaymaz
10 Септември 2023•Ажурирај: 11 Септември 2023
МАНИЛА (АА) - Кошаркарската репрезентација на Канада го освои бронзениот медал на Светското првенство во кошарка, совладувајќи ги САД со резултат 127:118, известува Анадолу.
Канада подобро го започна натпреварот и првата четвртина ја доби со резултат 34:25.
Американците потоа заиграа многу подобро и втората четвртина ја добија со резултат 24: 31, по што на полувреме Канада замина со минимална предност од 58:56.
Третата четвртина Канада ја доби со резултат 33:26. Во последната четвртина во која се играше изедначена игра, Канада имаше блага предност, но Американците во последната минути од средбата, по голема драма и тројка на Бриџис во последната секунда, да го изедначија резултатот на 111:111 и го одведоа натпреварот во продолжетоци.
Селекцијата на Канада во продолжението прикажа подобра игра и на крајот славеше со резултат 127:118 и го освои бронзениот медал.
Дилон Брукс од Канада беше најефикасен кошаркар на средбата со постигнати 37 поени. Во редовите на САД најпрецизен беше Ентони Едвардс со 24 поени.
Финалето на СП во кошарка меѓу Германија и Србија е закажано за денес, со почеток во 14:40 часот.