Serhat Bağbars
09 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
ЛОНДОН (АА) - Фудбалерот на Ливерпул, Мухамед Салах, е избран за најдобар играч на англиската Премиер лига за минатиот месец, пренесува Anadolu Agency (AA).
Унијата на професионални фудбалери (PFA) денес соопшти дека египетскиот репрезентативец Салах освоил 80 отсто од гласовите на навивачите кои учествуваа во изборот на најдобар играч на месецот.
Салах во март одигра четири натпревари во лигата во дресот на Ливерпул, постигнувајќи шест гола и две асистенции.
Деле Али, Јан Вертонген, Сон Хеунг-мин, Лирој Сане и Давид Силва заедно имаат 20 отсто од гласовите на навивачите, што ја потврдува доминацијата на Салах кој го освои срцето на навивачите на Ливерпул, но и на сите искрени обожаватели на фудбалот на Острвот.
На Салах тоа му е вкупно четврта титула на најдобар играч на месецот во оваа сезона на англиската Премиер Лига. Претходно, таа награда ја освои и во ноември, декември и февруари.