Dejan Maksimoviç
04 Август 2016•Ажурирај: 05 Август 2016
ЛОНДОН (АА) - Организацијата на Велика Британија за антидопинг (UKAD) го обвини актуелниот светски шампион во тешка категорија Тајсон Фјури за допинг, јавува Anadolu Agency (AA).
УКАД откри дека привремено, на 24 јуни го суспендирале Фјури, еден ден откако британскиот боксер објави дека се повлекува поради повреда од реваншот во мечот со Владимир Кличко.
Тајсон Фјури се пожали, па привремената суспензија беше укината до сослушувањето пред Националниот совет за антидопинг. Сѐ уште не е познат точниот датум на сослушувањето, а 27-годишниот боксер најави дека ќе го тужи УКАД поради наводите дека тој користел нелегални средства.
Британските медиуми на крајот на јуни објавија дека во примерокот од урината на Фјури, донесена во февруари 2015 година, откриле забранета супстанција.
„УКАД може да потврди дека боксерот е обвинет на 24 јуни 2016 поради присуство на забранета супстанција. Сите обвинувања ќе бидат презентирани на НАДП (Националната антидопинг комисија) – во блиска иднина", најавија од УКАД, а пренесуваат британските медиуми.
Фјури на 24 јуни објави дека нема да биде во можност на 9 јули да боксува против Кличко бидејќи го повредил зглобот на тренинг.