Dejan Maksimoviç
26 Април 2018•Ажурирај: 27 Април 2018
НАПОЛИ (АА) - Според наводите на италијанските медиуми, фудбалерите на Наполи на натпреварот од 35-то коло од Серијата А на гости кај Фиорентина треба да имаат поддршка од 10.000 навивачи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Билетите за навивачите од гостинската екипа за натпреварот во недела на стадионот „Артемио Франки“ се распродадени, така што од Фиорентина ги повикаа своите поддржувачи да купат билети за да ја избегнат инвазијата на Наполитанците.
Медиумите јавуваат дека во Фиренца може да се очекуваат околу 10.000 навивачи на Наполи, кои титулата на шампион ја чекаат уште од 1990 година и од времето на Диего Армандо Марадона.
Градските власти во Неапол веќе почнаа да размислуваат за прогласување вонредна состојба на аеродромот „Каподичино“ за време на викендот.
Со триумфот над Јувентус во минатото коло со резултат од 1:0, Наполи се приближи до Јувентус со заостанување од само еден бод. Доколку Јувентус изгуби или одигра нерешено на гости кај Интер, Наполи со триумф во Фиренца може да стигне на врвот од табелата, и на три кола пред крајот да стигне до титулата.
По 34 одиграни кола во Серијата А, Јувентус има 85 бодови, а Наполи еден бод помалку.