Dejan Maksimovic
09 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
МОСКВА (АА) - Аргентинецот Серхио Агуеро (29) изјави дека може да го напушти Манчестер сити во летото 2019 година, кога ќе му истече договорот со англискиот клуб. Како што вели, неговиот план е да се врати во Индепендиенте, клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори, јавува Anadolu Agency (AA).
Аргентинецот пристигна во Сити во 2011 година, од Атлетико Мадрид. Оттогаш успеа да влезе во историјата на „граѓаните“, како најдобар стрелец на сите времиња, со 178 гола.
„Мојата идеја отсекогаш била да се вратам во Индепендиенте кога во 2019 година ќе истече мојот договор со Манчестер сити. Имам можност да го продолжам договорот за една година, што е секогаш една од можностите. Идејата е да се вратам таму каде што почнав“, рече Агуеро.
Одличниот напаѓач во моментов е со аргентинскиот тим во Москва, каде што в сабота ќе игра пријателски натпревар со Русија, на отворањето на реновираниот стадион „Лужники“.