Oktaj Omeragik
03 Септември 2019•Ажурирај: 04 Септември 2019
СКОПЈЕ
Денеска се играат преостанатите 8 натпревари, со што се завршува 2. коло од средбите по групи на 18. Светско првенство во кошарка „Кина 2019“, јавува Anadolu Agency (AA).
Почнувајќи од утринските часови, денеска на програмата се последните 8 натпревари од 2. коло на СП во кошарка „Кина 2019“. Досега се одиграа 4 средби, а изненадување приреди Нов Зеланд совладувајќи ја Црна Гора, репрезентација која на светската кошаркарска ранг-листа е подобро пласирана.
Резултати од досега одиграните натпревари:
Австралија - Сенегал 81 : 68
Црна Гора - Нов Зеланд 59 : 64
Германија - Доминиканска Република 68 : 70
Јапонија - Република Чешка 76 : 89
Во попладневните часови се среќаваат:
13:30 Литванија - Канада
14:00 Бразил - Грција
14:30 САД - Турција
14:30 Јордан - Франција
Со овие натпревари завршува 2. коло. Утре во 9:30 часот започнува 3. коло на СП во кошарка „Кина 2019“.