Yusuf Soykan Bal
09 Септември 2019•Ажурирај: 10 Септември 2019
ИЗМИР (АА) - Во подрачјата на Дикили и Карабурун во турската област Измир фатени се 203 нерегуларни мигранти во обид на илегален начин да преминат во странство, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Тимовите на крајбрежните сили фатија 151 нерегуларен мигрант, меѓу кои деца и жени, на два гумени чамци на отворени води близу Дикили.
Исто така, овие сили фатија уште 52 нерегуларни мигранти на отворени води кај Геренџе, Карабурун.
Фатените мигранти се пренесени во градската Дирекција за миграции.