Can Erözden
01 Септември 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Турција ја совлада Јапонија со резултат 86 : 67 во денешниот натпревар од Светското првенство во кошарка ФИБА, јавува Anadolu Agency (AA).
Турција направи добар почеток на овогодишното Светско првенство во Кина, победувајќи ја Јапонија во натпреварот од групата Е во Центарот за ориентални спортови во Шангај.
Турскиот кошаркар Ерсан Илјасова и стрелецот Мелих Махмутоглу покажаа силен настап против Јапонија, постигнувајќи секој по 17 поени. Илјасова, исто така, постигна и девет скокови.
Охриѓанецот Џеди Осман освои 12 поени за својот тим, а неговиот соиграч Фуркан Коркмаз 10.
Од другата страна, јапонската ѕвезда Руи Хачимура и центарот Ник Фазекас постигнаа 15 поени. Хачимура, исто така, имаше и седум скокови.
Јапонскиот стрелец пак, Даики Танака, и Јута Ватанабе го завршија денешниот натпревар со освоени по 11 поени.
Турција во следниот натпревар закажан за вторник ќе го пречека бранителот на титулата светски првак, Соединетите Американски Држави (САД).
Првенството ќе трае до 15 септември, а за титулата светски шампион ќе се натпреваруваат рекордни 32 земји.
Учествувајќи на шампионатот по петти пат, Турција се наоѓа во иста група со Јапонија, САД и Чешката Република.
Во 2010 година, турската кошаркарска репрезентација го оствари својот најдобар резултат на Светскиот куп и покрај тоа што во финалето се сретна со САД. Соединетите Американски Држави остварија победа со резултат 81 : 64, а Турција беше втора.
Денешни резултати:
- Група Х:
Канада - Австралија 92 : 108
- Група Ф
Нов Зеланд - Бразил 94 : 102
- Група Е:
Турција - Јапонија 86 : 67