Dejan Maksimovic
12 Мај 2023•Ажурирај: 14 Мај 2023
СКОПЈЕ (АА) - Првите натпревари од полуфиналето на УЕФА Конференциската лига се одиграа синоќа. Фиорентина како домаќин загуби од Базел 1:2, додека Вест Хем го совлада Аз Алкмар со 2:1, известува Анадолу.
Фиорентина пред своите навивачи го пречека Базел. Сѐ наликуваше дека Фиорентина ќе избори триумф на домашен терен, особено по водството во 25. минута со погодокот на Артур Кабрал. Сепак, гостите кои не се предадоа, во 71. минута го изедначија резултатот на 1:1 со голот на Андри Диуф. За потполн пресврт и сензационален триумф на Базел од 1:2 на гостинскиот терен се погрижи Мухамед Зеки Амдуни кој постигна погодокот во судиското продолжение 90 + 2 минута.
Во втората средба, екипата на Аз Алкмар успеа да ги изненади домаќините и поведе со 0:1 против Вест Хем со голотво 42. минута со голот на, резутлат со кој се замина на полувреме. Домаќините успеаја во 67. минута да го изедначат резултат на 1:1 преку Саид Бенрахмуа кој го реализираше ударот од белата точка. Девет минути подоцна, Вест Хем направи целосен пресврт и поведе со 2:1 со голот на Мајкл Антонио, за триумф на домаќините над Аз Алкмар.
Реванш средбите од полуфиналето ќе се играат на 18. мај, а финалето на Конференциската лига ќе се игра на стадионот Фортуна во Прага на 7. јуни.