Ercan Çakar
02 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Радамел Фалкао е новото засилување на турскиот фудбалски клуб Галатасарај. Тој е 6. Колумбиец во дресот на Галатасарај, а воедно и 160. странец кој потпишал за овој познат фудбалски клуб, јавува Anadolu Agency (AA).
Жолто-црвениот дрес претходно во своите редови ги донесе Колумбијците Фарид Мондрагон, Густаво Викторија, Херсон Гонзалес, Робинсон Запата и Хуан Пабло Пино.
- 160. странски фудбалер -
Радамел Фалкао е 160. странски фудбалер, кој Галатасарај го доведе во своите редови.
Жолто-црвениот дрес, вклучувајќи го и Фалкао, досега го носеа 160 фудбалери од 45 земји, од 5 континенти.
Дресот на Галатасарај го носеа фудбалери од 5 континенти, Азија, Европа, Африка, Австралија и Америка. Меѓу фудбалерите од 45 земји од светот, кои го носеа дресот на Галатасарај, се најде и македонскиот репрезентативец Горан Пандев.
Редовите на Галатасарај, покрај фудбалер од Северна Македонија, ги засилија и фудбалери од Бразил, Југославија, Романија, Германија, Аргентина, Колумбија, Холандија, Швајцарија, Франција, БиХ, Камерун, Чешка, Португалија, Шведска, Брегот на Слоновата Коска, Белгија, Уругвај, Полска, Мексико, Англија, Хрватска, Гана, Албанија, Демократска Република Конго, Австралија, Шпанија, Сенегал, Италија, Србија, Нигерија, Иран, Суринам, Литванија, Зимбабве, Велс, САД, Израел, Јапонија, Алжир, Мароко, Норвешка, Исланд, Грција и Република Зелен ’Рт.
- Најмногу странски фудбалери од Бразил -
Галатасарај, од 1959 година наваму, правото на трансфер најмногу го искористи за фудбалери од Бразил.
Жолто-црвениот тим, во последните 60 години во своите редови донесе 60 Бразилци. Следува Југославија со 16 фудбалери, а трета е Романија со 12 фудбалери.
- Странци со турско потекло -
Галатасарај во своите редови има донесено и пет странски државјани кои потекнуваат од Турција. Тоа се Кубилај Туркјилмаз, Хакан Јакин и Ерен Дердијок од Швајцарија, Пјер Есер од Германија и Џими Дурмаз, репрезентативец на Шведска.