Hüseyin Burak Demirer
26 Март 2017•Ажурирај: 26 Март 2017
АНКАРА (АА) - Отворањето на Светскиот шампионат во Формила 1 за 2017 година се одржа на патеката на Големата награда на Австралија, на кое возачот на тимот на Ферари, германецот Себастијан Фетел го освои првото место, јавува Anadolu Agency (AA).
Првата трка од овогодинешното првенство во Формула 1 се одржа во австралискиот град Мелбурн, на патеката долга 5.303 метри, на која возачите на Формула 1 возат 57 круга. Трката од полпозиција ја започна возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон и на стартот на трката, четворицата возачи зад него успеаја да ги сочуваат своите стартни позиции.
Хамилтон со својот болид на „Мерцедес“ и Фетел со болидот на „Ферари“ како напредуваше трката, успеаја да се издвојат од останатите возачи. Хамилтон кој имаше 1,5 секунди предност пред Фетел, во 17 круг влезе во пит-стопот и по излезот се најде зад 4-то пласираниот Макс Ферштапен од тимот на Ред Бул.
- Од 2015 година досега, прва победа -
Во преостанатиот дел од трката, Фетел успеа да ја зголеми својата предност пред останатите натпреварувачи. Со време од 1 час, 24 минути 11 секунди и 672 илјадити делови од секундата, Фетел успеа да дојде до својата 43 победа во кариерата. Зад Фетел со заостанување од 9,9 секунди второпласиран е хамилтон, додека Ботас со заостанување од 11,2 секунди го освои третото место.
Со оваа победа, Фетел на „Ферари“ и ја донесе првата победа по победата за Големата награда на Сингапур во 2015 година.
Втората трка од годинешната сезона во Ф1 ќе се вози на 9 април за Големата награда на Кина.