Esra Akgün
30 Јануари 2016•Ажурирај: 31 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Светската фудбалска асоцијација (FIFA) донесе одлука за привремено укинување на забраната за трансфер на мадридските фудбалски клубови Реал и Атлетико, која е донесена поради нерегуларности при трансферот на малолетни играчи, пренесува Anadolu Agecny (AA).
Инаку, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид прекршија неколку правила при трансферот и првата регистрација на млади играчи, поради што добија забрана за регистрација на играчи на национални и меѓународни натпревари во двата следни трансфер рокови.
„Откако е поднесена жалбата, ФИФА донесе одлука за привремено укинување на забраната додека трае истражувањето”, се наведува во соопштението на мадридските клубови.
Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ќе можат да вршат трансфер во оваа област додека ФИФА не одговори на нивната жалба.